Стадион – Капацитет

КАПАЦИТЕТ НА НАЦИОНАЛНАТА АРЕНА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Националната арена Тоше Проески е најголемиот спортски објект во Република Северна Македонија со капацитет од 33.011 посетители од кои 32.233 гледачи (од кои 48 посетители со телесен инвалидитет со придружник), 494 посетители во ВИП ложа (од кои 4 посетители со телесен инвалидитет со придружник) и 284 новинари.

Со овој капацитет, Националната арена се вбројува во средно големи стадиони во Европа, додека на Балканскиот полуостров е еден од десетте најголеми стадиони.