Солунски Конгрес

  • Локација: ул. Кеј 13 Ноември бб. Општина Центар, во непосредна близина на МЕПСО
  • Број на паркинг места: 280
  • Катната гаража „СОЛУНСКИ КОНГРЕС“ има едно подземно ниво, девет надземни и едно полу ниво. Во објектот се вградени најсовремени технологии за автоматско паркирање на лесни моторни возила и софистицирана електроника поради што се вбројува во еден од ретките од овој тип на Балканскиот полуостров и воопшто во Југоисточна Европа.
    Катната гаража „СОЛУНСКИ КОНГРЕС“ располага и со деловни простории ( приземје и поткровје) со вкупна површина од 1.283,80 м2.
  • Напомена: Бројот на месечни и годишни картички е пополнет и нови не се издаваат

Одборот на директори на АДИССДП на својот 106-ти редовен состанок, одржан на 9.08.2023 година донесе одлука за корекција на цените на услуги и надоместоци за користење на просторот за паркирање во КГ Кресненско Востание, КГ Разловечко Востание, КГ Смилевски Конгрес и КГ Солунски Конгрес.Одлуката е донесена врз основа на извршени економски анализи и споредби на пазарот на услуги од овој тип кои ја налагаат нужноста од превемање на ваков чекор.

  • Ценовник на услуги и надоместоци за користење на просторот на катната гаража:
    • Паркинг карта за паркирање за 1 час: 50 денари
    • Месечен надоместок за физички лица: 2.500 денари
    • Месечен надоместок за правни лица: 3 000 денари
    • Годишен надоместок за физички лица: 25.000 денари
    • Годишен надоместок за правни лица: 30.000 денари
  • Надоместокот за издавање на картичката изнесува 250 денари и е на товар на корисникот.
  • Број на трансакциона с-ка: 270067012210103 Халк банка АД – Скопје

10