Оглас за јавна набавка број 09300/2020

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 09300/2020 објавен на 25.06.2020 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Изработка на проектна документација за објект ГП 04.01 Јужен дел – Централно градско подрачје во Скопје

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Изработка на комплетна проектна документација врз основа на концептуално решение избрано на конкурс и тоа Основен проект со сите фази и Проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации за објект ГП 04.01 Јужен дел–Централно градско подрачје во Скопје. Проектната документација треба да биде изработена врз основа на Проектната програма потпишана од Нарачателот, Изводот од ДУП, Елаборатот за нумерички податоци, Елаборатот за геомеханички истражни работи, Законот за просторно и урбанистичкото планирање и неговите подзаконски акти, Законот за градење и неговите подзаконски акти, Законот за домување, Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти, Правилникот за Енергетски карактеристики на зградите, Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи и други важечки законски прописи врзани за предметот на набавката. Набавката исто така опфаќа обезбедување на согласности од надлежни институции за Проектите за подземни инсталации и поднесување на потребна документација до субјект кој врши научно истражувачка дејност–научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија за обезбедување позитивно Мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата. При изработката на проектната документација треба да се разработи концептуалното решение избрано на конкурс за Идејно решение за објект ГП 04.01 Јужен дел–Централно градско подрачје. НАПОМЕНА Поради големината на конкурсното решение, истото можете да го најдете прикачено на веб страната на АДСДП, во делот Јавни набавки/Огласи во тек, каде што во истоимениот предмет на јавната набавка на дополнителен линк, Конкурсното решение ќе биде прикачено и истото ќе може да се преземе.

Линк до огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/f9ae1429-6581-46d3-81c9-269b4e41bf38/1

Линк до конкурсното решение: http://adsdp.com.mk/jn_dokumenti/KonkursZaIzbirNaIdejnoResenieGP0401Skopje.pdf

 

Share This