Националната арена „Тоше Проески’’ беше целосно подготвена за натпреварот меѓу македонската репрезентација и репрезентацијата на Полска , а со подеднакво високи професионални стандарди ќе биде пречекана и Австрија.Двата натпревари се во рамките на европските кфалификации за пласман на ЕП 2020. Теренот за кој континуирано се грижи стручна служба е во одлична состојба, а задоволени се и сите услови кои беа побарани од страна на УЕФА .Националната арена „Тоше Проески’’ е категоризиран како објект од четврта категорија, односно претставува еден од најелитните стадиони во регионот. На неговиот терен играа некои од најголемите светски фудбалски екипи, а во 2017 беше одржан СуперКуп во фудбал помеѓу победниците во Лига на Шампиони и Лига Европа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кога Арената беше исполнета до последното место