Оглас за јавна набавка број 15640/2019

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 15640/2019 објавен на 30.12.2019 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Набавка на услуга за одржување на хигиена со одвоз на смет и снег на паркинг, катни гаражи и „Национална Арена Тодор Проески“ Скопје

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Набавка на услуга за одржување на хигиена со одвоз на смет и снег на паркинг, катни гаражи и ’’Национална арена Тодор Проески’’ Скопје. Набавката треба да ги опфаќа следните активности одржување на хигиена на просторот за паркирање на возила на катните гаражи “Разловечко Востание”, ”Солунски Конгрес”, “Кресненско Востание“, ”Смилевски Конгрес” и стадион, одржување на гледалишен простор–трибини (4), пристапни мостови, пешачки платформи, санитарни јазли, соблекувални, интерни улици, машинско чистење на подни површини, чистење на ѕидни површини и опрема во санитарните јазли. Чистење на трибините од ѓубре и смет, метење на пристапните платформи за публика, чистење и празнење на поставените канти за отпадоци и поставување на нови и чисти кеси за ѓубре, бришење на столчињата од прашина пред натпревар, миење на пристапната улица под Северна трибина и сообраќајни ленти на паркиралишта, чистење на стаклени фасади на трибини и катни гаражи, чистење на санитарните чворови во катни гаражи, во Северна, Јужна, Источна, Западна трибина, во ВИП одделот, ВИП ресторани на стадионот и управата на стадионот. Рачно и машинско чистење на снег, одвоз на смет и снег од исчистените простории по вид и количина согласно Техничката спецификација со опис на работа.

Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/6acc762f-6c03-4272-be7c-f0aee7a7bdad/1

Share This