Оглас за јавна набавка број 05134/2021

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 05134/2021 објавен на 26.03.2021 година

Предмет на Договорот за јавната набавка: Ревизија на проектна документација за сите фази за објект ГП 2.3.03 ДУП за ЧЕТВРТ 2 во Прилеп и објект У.П. N9 Сењак 4 во Штип

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Ревизија на комплетна проектна документација–основен проект со сите фази и проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации, за објектите –ГП 2.3.03 ДУП за ЧЕТВРТ 2 во Прилеп со ориентациона бруто површина од 3.800,00 м2 и –У.П. Н9 Сењак 4 во Штип со ориентациона бруто површина од 2.400,00 м2. Набавката опфаќа ревизија на сите фази од копмплетната проектна документација за објектите со станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи објект ГП 2.3.03 ДУП за ЧЕТВРТ 2 во Прилеп и објект У.П. Н9 Сењак 4 во Штип, и тоа ревизија на основен проект со сите фази потребни за изградбата на објектот, вклучувајки ја и предмер–пресметката како составен дел на проектната документација со посебен акцент на сеопфатноста на описите на позициите и точноста на количините. Извештајот од ревизијата со евентуални забелешки на проектната документација по кои треба да постапи Проектантот, преку Нарачателот се доставува до проектантската куќа, а конечниот извештај за извршената ревизија со позитивен заклучок се доставува во архивата на Нарачателот во 4 (четири) примероци. Покрај изготвување на Конечниот извештај кој ќе ги содржи поединечните извештаи од сите фази од проектната документација, треба целата ревидирана проектна документација (папки проекти) да ја завери на начин согласно важечките законски прописи. Поединечните извештаи за извршени ревизии треба да бидат содржани во основните проекти, соодветно за секоја фаза и за секој објект поединечно.

Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/e8de837c-a44b-4912-933b-ad4af1fb1270/14

Share This